понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Според аналитичарите- супериорен настап на Мицкоски, а бледо издание на Заев на ТВ дуелот

Според аналитичарите- супериорен настап на Мицкоски, а бледо издание на Заев на ТВ дуелот

Супериорен настап на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и бледо издание на премиерот Зоран Заев, се реакциите кај познатите аналитичари и новинари во Република Македонија после ТВ дуелот на Македонската Радио Телевизија.

Коментарите се дека премиерот Заев имал неуверлив и неподготвен настап, полн со гафови и погрешни информации што остави премногу лош впечаток во јавноста. Од друга страна пак, за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, коментарите се дека имал супериорен настап поткрепен со издржани аргументи и факти.

Според јавноста, лидерот на опозицијата Мицкоски испадна апсолутен победник во долгоочекуваниот ТВ дуел одржувајќи му лекција на премиерот Заев во сите три дела за кои се дебатираше- внатрешната политика, надворешната политика како и за економијата.

Најнови вести