вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава за двајца жители на Василево поради оштетување апарати во казино

Кривична пријава за двајца жители на Василево поради оштетување апарати во казино

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против А.В. (49) и Д.Г. (34), двајцата од с.Василево, поради постоење основано сомнение дека сторилe кривично дело „оштетување на туѓи предмети“, предвидено во член 243 став 2 и кривично дело „помагање“, предвидено во член 24 ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

МВР сооппшти дека на 22-ри овој месец, околу 13 часот, во СВР Струмица од страна на вработен во „Мастербет“ ДООЕЛ – Скопје, пријавено е дека лицето А.В., извршилo оштетување на осум слот машини, како и на една рулет машина во казино во Струмица.

По ова, а врз основа на овластување од јавен обвинител, од страна на полициски службеници извршен е увид на лице место, притоа констатирано дека во времето од 12.30 до 13 часот завчера во казино во Струмица, првопријавениот откако претходно играл на апаратите во казиното, зел копач и со истиот извршил оштетување на осумте слот апарати, на еден рулет апарат за игра, на еден ЛЦД телевизор марка „Сони“, како и на заштитно стакло од просторот на касата и еден монитор. Со ваквото дејствие А.В. направил материјална штета од околу 1.500.000 денари.

Оштетувањето на апаратите за игри на среќа е направено со метален копач со дрвена дршка, кој го внел второпријавениот и му го дал на А.В. Од страна на полициски службеници А.В. е лишен од слобода и задржан во просториите на СВР Струмица. Од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица нему му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.