понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Ципрас да одговори дали и понатаму се разговара за Илинденска Македонија“

„Ципрас да одговори дали и понатаму се разговара за Илинденска Македонија“

Молкот од грчкиот премиер Алексис Ципрас за „Илинденска Македонија“ создава загриженост кај Грците во однос на тоа дали предлогот  суште е на преговарачката маса, смета потпретседателот на грчката опозициска партија, Нова демократија Костис Хаѕидакис.

Хаѕидакис вели дека партијата, преку нејзиниот претседател Мицотакис, вчера два пати од грчкиот парламент „побара од премиерот да разјасни дали продолжува да разговара за името Илинденска Македонија“.

Ципрас два пати се направи дека не го слушна.

-Неговиот молк на Грците им создава оправдана загриженост дека овој неприфатлив предлог, што е олицетворение на скопскиот иредентизам, уште се наоѓа на преговарачката маса. Господинот Ципрас треба денес и јасно да одговори на прашањето на Нова демократија, вели Хаѕидакис во неговата изјава.

Најнови вести