четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Горивата од полноќ со нови цени

Горивата од полноќ со нови цени

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе одлука за цените на нафтените деривати. Дали ќе има повторно поскапување на цените на горивата ќе биде познато денес после пладне.

Минатата недела имаше големо зголемување на цените на горивата, односно зголемувањето беше во просек за 3,41 %.

Цената на бензините се зголеми за 2 денари, додека дизелот поскапе за 2,5 денари по литар. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се продава по повисока цена од 2,50 ден/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 1,630 денар/килограм.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 77,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,761 (денари/килограм