Пол Погба порача дека Манчестер Јунајтед заслужи да загуби на гостувањето кај Лестер Сити, поради играта која ја прикажа на „Кинг Пауер“.
Тимот на Оле Гунар Солскјер поведе со прекрасниот погодок на Мејсон Гринвуд. Потоа имаше и егал резултат, но дозволи да прими два брзи гола и да замине дома со празни раце.
Играчот за врска призна дека екипата има проблеми веќе извесно време и не може да ги реши, што медиумите го протолкуваа како мала провокација кон норвешкиот тренер.
„Да бидам искрен, ние играме вакви натпревари долго време и не сме го пронашле проблемот. Треба да откриеме што е проблемот. Примаме многу голови, лесни голови, глупави голови и тоа не смееме да си го дозволуваме. Навивачите заслужено вршат притисок врз нас. Треба да бидеме позрели, да играме со повеќе искуство, повеќе ароганција, во добра смисла, што значи дека треба да ја земеме топката и да го играме нашиот фудбал. Но, сега треба да најдеме што е клучот за оваа промена. Мислам дека заслуживме да ја загубиме средбата против Лестер“, изјави Французинот.
Јунајтед не знае за победа на последните три меча во Премиер лигата. Тоа прави клубот од „Олд Трафорд“ полека да ја губи трката со водечките на табелата.