четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Тимчо Муцунски освои најголем број гласови во Аеродром

Тимчо Муцунски освои најголем број гласови во Аеродром

Првиот круг од локалните избори заврши. Додека Државната изборна комисија сукцесивно ги објавува резултатите на својата веб страница, партиите и од власта и од опозицијата прогласија победа.

Од 51,48 отсто обработени гласови во општина Аеродром, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски има освоено 57,34 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат од СДСМ, Александар Филиповска 24,91 отсто.

Весна Кираџиева од Левица има освоено 10,90 отсто, Билјана АврамоскаЃоревска од ЛДП 2,34 отсто, додека Миле Петковски од ТМОРО само 0,48 отсто од гласовите.

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ синоќа излегоа на улица да ја прослават победата на Муцунски во првиот круг.