четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ќе ве полазат морници кога ќе дознаете кој и ја соопштил трагедијата: Карлеуша брутално откри зошто не била и на погребот на Тоше (ФОТО)

Ќе ве полазат морници кога ќе дознаете кој и ја соопштил трагедијата: Карлеуша брутално откри зошто не била и на погребот на Тоше (ФОТО)

На 16.10. 2021 се наполнија 14 година од смртта на Тоше Проески кој почина во сообраќајна несреќа на пат за Хрватска, кај местото Нова градишка.

По тој повод, познатите се огласија со емотивни пораки на социјалните мрежи.

Пејачката Јелена Карлеуша се огласи на својот „Инстаграм“ откривајќи непознати детали од нивниот однос и зошто не се појавила на погреб на пејачот.

„На годишнината од смртта на Тоше Проески, по толку години, може да откријам некои интересни детали за кои јавноста не знае. Кога бевме млади, Тоше и јас бевме неразделни. Тој имаше 18 години, а јас 2,3 години плус. Двајцата снимавме албум во Атина и тоа траеше со месеци… кај познатиот грчки композитор Фивос. Секој ден освен недела заедно одевме во студиото. Само јас имав возачка дозвола, така да секој ден изгледаше исто: ќе станам, ќе појадувам, ќе го соберам Тоше и со Опел право во Атина.Патот траеше околу еден час, а тој цело време пееше во автомобилот. И натаму и назад. Секој ден. Пееше без престан и во студио, во паузите за ручек, кога ќе одеше во тоалет, пееше и пееше. Дури и Фивос се пошегува дека кога ќе замине од студиото после нас, нема желба да слушне ниту еден тон на музика. Тоше пееше без престан“ напиша Карлеуша на „Инстаграм“ и продолжи:

„На мојот албум „Само за твоите очи“ ги пееше придружните вокали, а се трудев да помогнам во создавање на неговиот албум, па така често ја корегирав неговата дикција во песните на српските песни „Мени хвала ни једном, што сада чутим, тихо шапчем, немо патим бол да скратим“. Тоа беше првпат да не снима на македонски. Хиперкативен, полн со сила, полн со желби…ако морам да го опишам со еден збор тогаш тоа би било среќа. Беше среќен. Онака како некој може да биде среќен на 18 години. Никогаш не слушнав такво пеење и таков талент. Таква боја, техника, боја, емоција. Верувајте ми кога ви велам, тој беше вонземјанска приказна. Премногу совршена за ова планета. Години подоцна, едно утро ме разбуди ѕвонењето на телефонот, тоа беше Марина Туцаковиќ која ме праша дали знам што се случило. Таа со нас помина доста време во Атина и знаеше дека прва треба да ми соопшти. Знаете, јас не бев на погреб. Немав сила да отидам, а и не можев да ги гледам оние естрадни личности кои заради поени плачеа над неговиот ковчег, а не го ни познаваа….знаете се кој таму правеше драма….Луѓето кои најдобро го познаваа и кои најмногу го сакаа, освен неговото семејство, немаа сила да одат на погребот. Инаку, Тоше е роден на ист ден како и мојата мајка Дивна, 25 јануари. Ете, некои работи не ви ги кажав, нека останат тајна“ пишува во објавата.

 

Најнови вести