Според пишувањата на Ел Насионал, ПСЖ размислува да го трампа Мауро Икарди за Кун Агуеро, потегот е на барање на Лео Меси, кој сака да игра со својот добар пријател.
Кун Агуеро изминатово лето се пресели во Барселона за да игра покрај својот сонародник Лео Меси, но сето ова пропадна во вода откако напаѓачот не стави потпис на нов договор и мораше да го напушти Камп Ноу.
Сепак, двајцата добри пријатели би можеле да играат еден покрај друг во редовите на ПСЖ. Како што пренесува Ел Насионал, ПСЖ размислува да го трампа Мауро Икарди за Кун Агуеро.
Весникот додава дека Лео Меси стои зад ваквите планови на „светците“, напаѓачот не е во најдобар однос со Мауро Икарди и преферира во тимот да биде Кун Агуеро.
Сето ова доаѓа во моменти кога Мауро Икарди има серозни проблеми во бракот со Ванда Нара, обвинет е за неверство и доби дозвола од ПСЖ да се врати во Милано со цел да се обиде да ги реши семејните проблеми.