Српските специјалци денеска во филмска сцена уапсија уште двајца членови на криминалниот клан на Вељко Беливук, кои се меѓу осомничените з убиство на две лица, пишуваат српските медиуми.
Уапсените осомничени се Сенад Решовиќ и Дејан Михајловиќ, а според српската полиција, нивното апсење е доказ дека во истрагата за крвавите злосторства на озлогласениот клан на Беливук, познат како Веља Неволја, нема заштитени.
Криминалната група стана една од главните теми во српската, но и во регионалната јавност, кога во голема полициска акција во февруари беа уапсени Беливук, неговата десна рака, Марко Миљковиќ и уште дваесетина членови на навивачката група „Принципи“, кои според обвинението со години мачеле и убивале ривали и соработници, изнудувале пари и продавале оружје и дрога.