четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ансу Фати е подобар од Лионел Меси – бројките го потврдуваат тоа (ФОТО)

Ансу Фати е подобар од Лионел Меси – бројките го потврдуваат тоа (ФОТО)

Ансу Фати се врати на терените по тешката повреда на коленото што ја заработи минатата година. Беше во „аут“ цели 11 месеци, но веднаш покажа дека проблемите се зад него.

Постигна гол на дербито со Валенсија во неделата во победата од 3-1 и стана рекордер во Барселона. Тој сега има вкупно 13 постигнати голови за Каталонците пред својот 19-ти роденден. Го мина Бојан Кркиќ, кој имаше 12 голови, додека Лионел Меси во овој период од својата кариера имаше само седум погодоци за клубот.

Да не беше тешката повреда, Фати досега сигурно ќе имаше постигнато многу повеќе голови. Рекордот може да го поправи, бидејќи има уште три натпревари за клубот пред својот 19-ти роденден на 31 октомври.