петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Франција ја разгледува можноста за воведување ваучери за бензин

Франција ја разгледува можноста за воведување ваучери за бензин

Француските министри денеска предложија воведување ваучери за бензин за домаќинствата со ниски примања, додека Владата на претседателот Емануел Макрон се обидува да ја ограничи економската штета од скокот на цените на енергијата и горивото шест месеци пред претседателските избори.

Владата размислува за ограничување на цената на гасот и електричната енергија и како да им помогне на сиромашните да ги платат сметките за греење во текот на зимата, поради скокот на цените на енергијата низ целиот свет поради големиот раст на побарувачката по заздравувањето од пандемијата.

Цените на бензинот постојано се зголемуваат во изминатите недели и француската Владата се соочува со зголемен притисок да ги намали даноците а продажба на бензинските пумпи, што може да достигне и до 60 проценти на сметките на возачите.

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер истакна дека тоа не само што скапо ќе ги чини јавните финансии, туку ќе биде и субвенција за фосилни горива во време кога Владата се обидува да направи промени.

– Повеќе сум за ваучери за бензин отколку за намалување на даноците, истакна Ле Мер за Радио Европа 1.

Министерката за животна средина Барбара Помпили, како гостин на француската ТВ 2, исто така се изјасни за опцијата за ваучери за бензин, но истакна дека нивното воведување е сложен процес.