Кралицата Елизабета Втора ја одби наградата која ја доделува британското списание „Олди“ на постари луѓе, оценувајќи дека не ги исполнува дадените критериуми.
Ова списание кое за себе вели дека го претставува алтернативниот печат, „опседнат со младост и слава“, откри дека им предложи на челниците во Бакингемската палата наградата „Стара личност на годината“ да ја додели на 95 годишната кралица која е на тронот речиси седум децении.
„Олди“ денес пренесе писмо со одбивање испратено на 21 август од шкотскиот замок Балморал, каде што престојува кралицата од крајот на летото и кое беше потпишано од нејзиниот помошник секретар, Том Ланг – Бејкер.
-Нејзиното Височество смета дека ги имаме годините што ги чувствуваме и затоа не мисли дека ги исполнува критериумите за да ја прифати наградата, напиша тој.
Кралицата помина период на карантин поради коронавирусот во замокот Виндзор во близина на Лондон. И покрај шпекулациите дека ќе се пензионира по смртта на нејзиниот сопруг Филип во април, таа учествуваше во бројни јавни ангажмани.