Македонскиот ракометен тим Еурофарм Пелистер доживеа пораз од Ним од 26-21 во првиот натпревар од групната фаза на ЕХФ Европската лига.
Клубот од Битола иако играше пред своите навивачи имаше катастрофално прво полувреме во кое не функционираше ниту одбраната, ниту нападот, односно немаше никаков одговор за гостите кои на паузата заминаа со водство од 15-6 со што стана јасно кој ќе ги освои бодовите.
Во вториот дел избраниците на се подобрија, меѓутоа тоа беше доволно само да се намали дел од негативата.
Мандалиниќ со седум и Граџан со пет погодоци беа најефикасни кај Пелистер, додека пак Санад со седум беше најдобар кај победникот.