четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Втор пораз за Вардар во ЛШ, Алборг им се реваншира на „црвено-црните“

Втор пораз за Вардар во ЛШ, Алборг им се реваншира на „црвено-црните“

Ракометарите на Вардар го диживеаја вториот пораз по ред во настапите во Лигата на шампионите, губејќи од Алборг со 33:29. По поразот од Монпелје на домашен терен, вечерва вардарци загубија на гости кај Алборг.

Натпреварот започна фуриозно за домашните ракометари кои поведоа со 3:0, а Вардар првиот гол го даде во третата минута преку Јоел Моралес. Потоа се разигра и Дибиров кој со три гола по ред, во 10. минута донесе израмнување 6:6. Две минути подоцна, Вардар го има првото водство (7:8) откако беше прецизен Моралес. Во тие моменти се случи пад во играта на „црвено-црните“ кои седум минути не успеаја да постигнат гол, а тоа го казни Алборг со серија од 3:0 за водство од 10:7.

Потоа следеа моменти кои поминаа во знакот на Тимур Дибиров кој постигна три гола по ред и негативата од 11:9 ја претвори во предност од 11:12. Алборг веднаш измрани на 12:12 по што вардарци имаа неколку одлични можности за да поведат, дури два пати го промашија празниот гол и за промашувањата беа казнети со три гола на Алборг за 15:12.

До крајот на првиот дел и двете екипи постигнаа по уште еден гол за 16:13, резултат со кој се замина на одмор. Кај Вардар блескаше Дибиров кој постигна дури девет голови.
Второто полувреме започна идентично како и првото, Алборг постигна три гола за највисока предност на наптреварот од шест гола (19:13).

Вардар првиот гол во второто полувреме го постигна во 34 минута преку Оливие Њокас, а Алборг возврати со два гола на Арон Палмарсон за предност од највисоки седум гола (21:14).
Ракометарите на Вардар не се предадоа, во продолжение од натпреварот се разбрани Мартин Томовски и негативата од минута во минмута се намалуваше. Во 53. минута со голот на Чувара од седум метри, Вардар дојде на минус три (29:26), а по новата одбрана на Томовски, Јевин Њокас погоди за минус два. Арон Палмарсон ја прекина серијата од четири гола по ред на Вардар и погоди за 30:27. Дилемите околу победникот ги разреши Феликс Клар кој во 58 минута погоди за недостижни 32:28.

На крајот Алборг славеше со 33:29 и му го нанесе вториот пораз на Вардар по ред во Лигата на шампионите. Тимур Дибиров со девет постигнати голови беше најпрецизен на натпреварот, Кевин Њокас шест гола, а Мартин Томовски имаше девет одбрани, додека кај Алборг Палмарсон беше најпрецизен со осум постигнати фолови.

Идната среда вардарци ги очекува уште едно големо дерби во ЛШ, во СЦ „Јане Сандански“ доаѓа германскиот Кил.

фото: EPA-EFE/Henning Bagger