Објавата на вашиот портал е дезинформација бидејќи службеното возило на премиерот Зоран Заев, како и на сите досегашни изборни циклуси, така и на овој изборен циклус, никогаш, во ниту еден случај не се користело, не се користи и нема да се користи за партиски ниту за кампањски цели. Ова е наведено во демантот кој од Владата го испратија до нашата редакција.
-Државните ресурси се исклучиво во функција на граѓаните, а не на партијата. Тоа е јасно законско правило кое никогаш не се прекршило и нема да се прекрши, велат од Владата.