четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Спортските натпревари во Грција со зголемен број гледачи

Спортските натпревари во Грција со зголемен број гледачи

Националната комисија за јавно здравје на Грција, го прифатила предлогот на надлежното министерство за спорт за зголемување на бројот на гледачи на спортските натпревари во земјата, па така стадионите и спортските сали ќе бидат исполнети до 90 отсто од капацитетот, јави дописничката на МИА од Атина.

Новите правила ќе стапат во сила во понеделник, а според најавите, исполнетоста ќе се зголеми од 80 на 90 отсто, односно до 40.000 гледачи наместо 25.000 колку што беше досега, за стадионите и на 12.000 гледачи за затворените сали, доколку постои можност за онлајн издавање билети.

Доколку не постои ваква можност, стадионите ќе бидат исполнети со 70 проценти од капацитетот и најмногу 15.000 гледачи, а затворените сали со најмногу 4.000 гледачи.

На спортските натпревари во Грција, дозволен е влез само за вакцинирани или за лица кои прележале Ковид-19.  (МИА)