Претседателот на Србија денеска зборуваше за актуелната енергетска криза.
– Не спијам навечер, ништо нема да решиме лесно, ќе имаме проблеми со цената на сите извори на енергија, изјави денеска Вучиќ, присуствувајќи на денешното отворање на рудникот за бакар и злато во Чукар Пека.
Тој посочи дека на тоа поле вложувале повеќе напори од многу други земји.