Пред малку од МВР соопштија дека директорката на основното училиште „Панајот Гиновски“ од скопската населба Бутел, попладнево поднела и писмено известување во врска со видеото од социјалната мрежа „Тик-Ток“ каде се гледа насилство врз ученик.
– Во врска со случајот МВР презема мерки за негово расчистување, а уште во текот на денешниот ден на разговор се повикани лицата инволвирани, за случајот известен е и јавен обвинител, стои во соопштението од МВР.