четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во тетовско за девет месеци 124 странски државјанки приведени за нелегален престој

Во тетовско за девет месеци 124 странски државјанки приведени за нелегален престој

За девет месеци откриени се 124 странски државјанки кои нелегално престојувале и работеле пред се во угостителски објекти во тетовскиот регион. Жените се претежно од  соседни земји, но и од подалечни држави.

Откриени се во редовните активности што ги презема СВР Тетово за откривање и законско санкционирање на странски државјани, односно државјанки кои непријавено престојуваат или работат на подрачјето, најчесто во угостителски објекти.

-Во изминатите девет месеци од годинава биле затекнати вкупно 124 странски државјанки, најмногу од Република Албанија (55), Република Србија (26), Русија (20), Украина (10) и од уште седум други европски држави, од соседството и пошироко. Од затекнатите, 58 женски лица странски државјанки или го немале законски регулирано нивниот престој или престојувале спротивно на целта, односно го злоупотребиле претходно пријавениот туристички престој, со што постапиле спротивно на Законот за странци, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Поради овие прекршувања на законските одредби, СВР Тетово во овој период изготви 13 барања за поведување на прекршочна постапка против 58-те странски државјанки до основните судови во Тетово и Гостивар. (МИА)