Мислам дека независниот кандидат за Скопје, Данела Арсовска е пријатно изненадување на политичката сцена на Македонија, а од другата страна имате еден компромитиран кандидат, политичар. За разлика од него таа понуди решенија. Ценам дека во вториот круг таа влегува како фаворит, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хиристијан Мицкоски на вечерашното гостување на телевизија Клан.
„Сакам да им пратам порака на скопјани, да им кажам дека се ќе слушнат од политичкиот противник сe, па дури и дека сме дијагноза. А од истиот тој човек кој ги нарече дијагноза во наредните денови мислам дека може да се слушне се“, кажа Мицкоски говорејќи за поддржувачите на Шилегов.
Според него ваков човек на скопјани не им треба.
„Мислам дека тоа на скопјани не им треба, да и дадеме шанса на Данела која има идеи, капацитет. Таа успешно ја водеше Комората, а таму се бизнисмени, има претставници од сите националности, бизнисот знаете како функционира“, рече Мицкоски.