четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Женската репрезентација до 19 години со триумф против Кипар го заврши квалификацискиот турнир во Белорусија

Женската репрезентација до 19 години со триумф против Кипар го заврши квалификацискиот турнир во Белорусија

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со триумф против Кипар од 4:2 го заврши квалификацискиот турнир во Белорусија за пласман во А квалификациската група за ЕП.

Македонките со две победи (Фарски Острови и Кипар) и пораз (Белорусија) завршија на второто место во групата.

На денешниот натпревар „црвено-жолтите“ имаа негатива од два гола. Кириакиди и Замани во 21 и 24. минута донесоа предност за Кипар, но потоа следуваше целосен резултатски пресврт. Николовска во 35. минута намали на 1:2, а во второто полувреме Викторија Недева со два гола донесе водство на Македонија од 3:2. Велкова ги постави конечните 4:2 во последната минута од натпреварот.

Белорусија заврши како првопласирана во групата со максимални три победи и девет освоени бода.