понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Абе: Јапонија ќе соработува со Русија за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров

Абе: Јапонија ќе соработува со Русија за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров

Јапонија ќе сорботува со Русија за отстранување на нуклеарното оружје од Корејскиот Полуостров и за негова целосна денуклеаризација, изјави синоќа во Москва јапонскиот премиер Шинѕо Абе по средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

– Јапонија и Русија ќе продолжат со блиските контакти, со цел Северна Кореја да тргне во вистинската насока, додаде Абе.

Путин, од своја страна, порача дека „сите учесници во средувањето на состојбата на Корејскиот Полуостров“ треба да покажат воздржаност, да не дозволат нови конфронтации и да не излезат од „политичко-дипломатското поле“.

Рускиот претседател на заедничката прес-конференција со Абе истака дека партнерството меѓу Русија и Јапонија се зацврстува и дека нивната билатерална трговска размена минатата година се зголемила за 14 проценти, надминувајќи 18 милијарди долари.

– Имаме зголемување на трговијата и инвестициите, но најважен интерес на двете земји е развојот на меѓусебните односи, потенцира Путин.

На сребата станало збори и за спорните Курилски Острови, архипелг северно од Јапонија, кој од крајот на Втората светска војна е под контрола на Москва, а Токио го смета за своја територија, при што е договрено да се работи на заедничи економски проекти на островите.

По преземањето на Курилските Острови од страна на тогашната советска армија во 1945 година, околку 17.000 Јапонци беа принудени да ги напуштат своите домови и побегнаа во Јапонија. Поради овој територијален спор Москва и Токио се уште немаат потпишано мировен договор.