вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Владата на Заев го губи политичкиот легитимитет и кредибилитет, многу скоро промените ќе продолжат на централно ниво

Мицкоски: Владата на Заев го губи политичкиот легитимитет и кредибилитет, многу скоро промените ќе продолжат на централно ниво

Владата на Заев го губи политичкиот легитимитет и кредибилитет, затоа што не ги оправда очекувањата за кои доби доверба од народот, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски во интервју за дневниот весник „Политика“.

Мицкоски додаде дека власта се изборно декласирани во градот Скопје, но и други големи градови во државата, а онаму каде сега има втор круг ВМРО-ДПМНЕ влегува како апсолутен фаворит.

-Овие локални избори потврдија дека народот се спротивставува на политичарите кои немаат слух за неговите барања, но и фактот дека завршува времето на лагите и непринципиелноста во политиката. Загубениот кредибилитет преку локалните избори, очекувам да се преслика и на парламентарната власт, односно многу скоро тие промени ќе продолжат и на централно ниво, појасни Мицкоски.

Најнови вести