сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во Гевгелија излезноста до 11 часот близу 20 отсто

Во Гевгелија излезноста до 11 часот близу 20 отсто

На 36 избирачки места во Општина Гевгелија, правото на глас до 11 часот го искористиле 3 767 граѓани или 19,75 отсто од вкупно запишаните во избирачкиот список, потврди Митко Ризов, претседател на Општинската изборна комисија Гевгелија.

За досегашниот тек на изборниот процес од вториот круг на Локалните избори, Ризов посочи дека од ниту едно гласачко место до сега не е пријавен никаков проблем и оти се надева дека граѓаните достоинствено ќе гласаат до затворањето на избирачките места во 19 часот.