среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нападнат набљудувач: Ова е Сарај и во село Бојане не може никој да те спаси (ВИДЕО)

Нападнат набљудувач: Ова е Сарај и во село Бојане не може никој да те спаси (ВИДЕО)

По изборната нерегуларност која ја објави КУРИР денеска за време на изборниот процес во село Бојане, сега се огласи и сведокот кој бил набљудувач токму таму.

-Уште рано изутринава дојдов во 8 часот иако нашиот набљудувач беше внатре, прво бев избркан бидејќи наводно не требало двајца набљудувачи од опозицијата да бидат, јас ги послушав и не влегов до 12 часот, а потоа влегов во 12:30 и првата моја забелешка беше дека при регистрација на отпечаток со прст треба да го има и на изборниот список, а они на таа моја реакција на која имам право дојде до расправија и ме нападнаа три лица, сакаа да ме извлечат и ми се обратија со овие зборови: Ти знаеш дека си во Сарај и село Бојане и не може да те спаси ништо, тука Шилегов направи пат од четири милиони евра и донел вода до некоја обиколница, вели Игор Кралевски кој бил очевидец на настанот.

Тој раскажува и дека не успеале да го изнесат од гласачкото место, но и дека нападнале и друго лице освен него.

Најнови вести