сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Познати четвртфиналните пресметки во Македонскиот фудбалски куп

Познати четвртфиналните пресметки во Македонскиот фудбалски куп

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), денеска со жрепка ги одреди дуелите во рамки на четвртфиналето од националниот куп во кој бранителот на трофејот Силекс ќе игра на домашен терен против штипска Брегалница.

Пелистер во Битола ќе биде домаќин на Вардар, Струга ќе му гостува на актуелниот шампион Шкендија, додека Македонија ЃП ќе го пречека актуелниот лидер во Првата лига Шкупи.

Натпреварите се на програмата на 24 ноември со почеток од 13:30 часот.