вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Драма на теренот: Фудбалер имаше срцев удар, прекинат натпреварот

Драма на теренот: Фудбалер имаше срцев удар, прекинат натпреварот

На фудбалски натпревар од втората лига во Норвешка фудбалер прежиевал срцев удар.

Во 12-таминута од натпреварот помеѓу Согндал и Стјордалс-Блинкаје, Емил Палсон колабирал на теренот, по што бил реанимиран и бил пренесен во болница.

Во соопштението на второлигашот Согндал се наведува дека Исланѓанецот бил успешно реанимиран и префрлен во болница на понатамошно лекување.

Палсон е во стабилна состојба и ќе биде подложен на дополнителни прегледи. Тој ќе биде лекуван во универзитетската болница Хаукланд во Берген.

Случајот со Исланѓанецот потсети на сцените од Европското првенство кога колабираше Кристијан Ериксен.