сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стојкоски: Во соработка со USAID го реализираме проектот за меѓуетничка интеграција, во Ѓорче Петров се слуша гласот на младите

Стојкоски: Во соработка со USAID го реализираме проектот за меѓуетничка интеграција, во Ѓорче Петров се слуша гласот на младите

Во соработка со USAID – US Agency for International Development го реализираме проектот за меѓуетничка интеграција, во кој преку младинска акција се вклучени ученици од три основни училишта, стои во Фејсбук статусот на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Тој напиша дека во Ѓорче Петров се слуша гласот на младите.

– Младите ни се важни, а одлуките се носат заеднички. Особена чест и задоволство ми преставува што имав можност да ги слушнам учениците од основните училишта и нивните приоритети. Разговаравме за подигнување на еколошката свест, создавање младински парк и реновирање на постоечките спортски игралишта. Барањата на најмладите сограѓани ќе бидат нашиот темел, а нивните потреби наш мотив да го креираме секојдневието. Приклучете се да го изградиме заедно Ѓорче да стане поубаво место за живеење, додава Стојкоски во својата објава.