Без вода денеска од 15:30 часот се корисниците од Сарај, Љубим и Матка во Општина Сарај.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради дефект на водоводен затварач (Шибер) Ф250мм во ПС Сарај.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.