недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Извршиле две тешки кражби, а “пленот“ им е фатен во автомобил

Извршиле две тешки кражби, а “пленот“ им е фатен во автомобил
илустрација

На 05.11.2021 во 12:45 часот од полициски службеници на ОВР Гостивар биле лишени од слобода И.З.(25), В.С.(25) и З.С.(25), сите од Гостивар, поради постоење основано сомнение дека во гостиварското село Сретково извршиле две тешки кражби.

При преглед во возилото со кое се превезувале биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои биле одземени и вратени на сопственикот.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.