петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Фати повторно се повреди, пауза еден месец

Фати повторно се повреди, пауза еден месец

Барселона вчера испушти победа на гостувањето во Виго кај Селта и водство од 0:3, и на крајот освои само бод во ремито 3:3, а го загуби и еден од најдобрите свои играчи во моментов Ансу Фати.

Тој во првото полувреме почувствува болка во мускулот и беше заменет. Информациите од Шпанија велат дека тој ќе одуствува околу еден месец. Фати имаше сериозна повреда на коленото каде паузираше долг период, и откако се врати на терените и заигра константно мора повторно да паузира.