На 06.11.2021 во 15:40 часот на Граничен премин „Деве Баир“ од полициски службеници е лишен од слобода Г.M.(63) од Р.Турција, поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа – зелена карта“.
Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.