среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претреси во Скопје, приведени лица за кражба на електрична енергија

Претреси во Скопје, приведени лица за кражба на електрична енергија

Денеска (07.11.2021) полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода, по добиена судска наредба, извршија претреси во дом и други простории на неколку локации во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Претрес е извршен на ул.„Рилски Конгрес“ во домот на С.Т.(67), и на ул.„Александар Бујунов“ во две куќи сопственост на М.З.(63). При претресот е најден пиштол и разновидна опрема за копање на криптовалути (16 ригови со 99 графички картички, 1 мајнер) со кои се вршела кражба на електрична енергија, што било потврдено и од претставници на ЕВН.

Во консултација со Јавен обвинител предметите ќе бидат одземени, а лицата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.