понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Османи: Граѓаните да бидат мирни, Ахмети ќе ја одржува политичката стабилност во државата

Османи: Граѓаните да бидат мирни, Ахмети ќе ја одржува политичката стабилност во државата

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, по средбата со Генералниот совет на партијата, изјави дека по новонастанатата политичка ситуација мора да се одреди курсот на иднината на оваа држава.

Османи рече и дека е многу важно да се донесе одлука со која ќе се врати стабилноста во земјата, а истакна дека лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе се сретне со сите освен со оние кои се против Албанците.

-Сега мора да се одреди курсот на иднината на оваа земја. Сега е важно да се донесе одлука која ќе ја врати стабилноста на земјата. ДУИ е тука која во овие политички игри секогаш знае да го одржи интересот на државата. Граѓаните да бидат мирни бидејќи Али Ахмети ќе ја одржува политичката стабилност во државата. Али Ахмети ќе се сретне со сите освен со оние кои се против Албанците, изјави Османи за медиумите.

Најнови вести