сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Државата нема премиер, се додека губитникот Заев не си замине од политиката Македонија ќе губи“

„Државата нема премиер, се додека губитникот Заев не си замине од политиката Македонија ќе губи“

Државата нема премиер, се додека губитникот Заев не си замине од политиката Македонија ќе губи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Народот и го зема легитимитетот на владата на СДСМ – ДУИ, Заев е детронизиран. Имаме ново мнозинство со Алијанса, Алтернатива, БЕСА и Левица за пад на Заев. Доколку Заев денес до 14:30 часот не си поднесе оставка до Собранието, пратениците од овој блок ќе поднесат интерпелација за Владата.

Заев не е премиер, и колку повеќе се развлекува оставката, толку е полошо за државата.

Губитникот Заев мора да си замине, за на Македонија да и тргне. Македонија не смее повеќе да губи, додаваат од партијата.

Најнови вести