РЕК Битола е ставен во функција и продолжува со производство на електрична енергија. Синоќа во три часот по полноќ Блок 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија, информираат од РЕК Битола.
Продолжуват активностите за ставање во функција и на Блок 2 кој беше во ремонт.
-Се очекува до крајот на неделата и оваа постројка да биде “на мрежа”, се наведува во соопштението.