четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ХОРОР: Четири бебиња починаа во пожар во болница во Индија

ХОРОР: Четири бебиња починаа во пожар во болница во Индија

Четири од 40 бебиња сместени во државната болница во Бопал, во централна Индија, починале откако пожар го зафатил Одделот за неонатологија, соопштија владини претставници.

Британските медиуми пренесуваат дека е ова последен во серијата пожари во индиските болници, од кои само годинава загинаа десетици пациенти.

-Другите бебиња во болницата „Камла Нехру“ во државата Маџа Прадеш, од кои многумина се неухранети, се префрлени на други одделенија, потврди министерот за здравство Вишвас Каилаш Саранг, непосредно откако пожарот беше ставен под контрола.

Во пожарите во болници низ Индија годинава загинаа најмалку 70 лица, вклучувајќи и последните 10 кои загинаа минатиот викенд во Махараштра, држава која се граничи со Маџа Прадеш.  (МИА)