четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Силен замјотрес ја погоди Грција

Силен замјотрес ја погоди Грција

Силен земјотрес со јачина од 4.3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Лаконија, а епицентарот бил на само 8 километри југоисточно од Неапол, јавуваат грчките медиуми.

Според проценката на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, земјотресот се случил во 11 часот и 12 минути и бил на длабочина од 47 километри.

Весникот „Катимерини“ пренесува дека јачината на земјотресот била 4.3 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил во близина на населбите Агиос Николаос и Веланидија на полуостровот Ватика, додека потресот бил почувствуван во целото подрачје на Лаконија.