понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кнајсл: Важен напредок е регистриран во преговорите за името

Кнајсл: Важен напредок е регистриран во преговорите за името

Австриската министерка за надворешни работи на ЕУ, Карин Кнајсл, порача дека е постигнат важен напредок во спорот за името, и посочи дека регионот на Западниот Балкан е од геополитички интерес за Европската Унија.

– Повеќе пати имав прилика да се сретнам со министрите за надворешни работи на ПЈРМ и Грција. Важен напредок е регистриран, но останува да се види кога може да се очекува решение. Следни чекори се потребни, нашето источно соседство не ни е само историски блиско, туку сакаме едноставно да избегнеме вакум што ќе може да биде експлоатиран од други сили. Придружувањето на регионот е геополитчки интерес за целата ЕУ, изјави Кнајсл.

МИА

 

Најнови вести