вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалерите го одработија единствениот тренинг пред мечот против Ерменија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите го одработија единствениот тренинг пред мечот против Ерменија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалската репрезентација на Македонија в четврток ќе го одигра претпоследниот натпревар во квалификациите за Светското првенство, во Ереван против Ерменија. Двете селекции се со израмнети по бројот на бодови во битката за второто место, во која уште во комбинација е и Романија.

Денес нашата репрезентација го одржа официјалниот тренинг пред дуелот во Ереван. Благоја Милевски ја искористи шансата, ги подели последните совети пред мечот со Ерменците.

Мечот Ерменија-Македонија започнува во четврток од 18 часот.