среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Губитникот Заев да си замине, тој е делигитимиран од народот

ВМРО-ДПМНЕ: Губитникот Заев да си замине, тој е делигитимиран од народот

Губитникот Заев да си замине, тој е делигитимиран од народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека народот го порази Заев за сите понижувања, сиромаштија и кражби што ги направи.

-Народот го казни за најголемата смртност од КОВИД во светот, за провизиите од вакцини кои ги бркаа тој и Филипче, за 14 живи изгорени луѓе. Народот му даде црвен картон на Заев и за сите криминали и белосветски мафијаши кои ги направи македонски државјани. Народот не сака Драги Рашковски да мести тендери, и да не одговара, туку да се шета на слобода, исто како и Ден Дончев, кој го видовме со туце пари во торба, се наведува во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека народот сака одговорност и одговори и за енергетската криза во која не фрлија и поскапувањето на струјата.

Заев мора да си замине и зарафи инфлацијата која ги јаде парите на граѓаните, поскапениот живот и лошите услови.

Заев и СДСМ мора да си заминат, затоа што државата не смее да продолжи да губи.

Најнови вести