Независно каков ќе биде исходот во четврток (колумната е пишувана во понеделник, 8.ноември) јасно е дека власта е падната. Што и да сака да каже СДСМ, власта е падната. Дали Заев ќе продолжи со лагата за оставката- партиска и премиерска- тој ја дозакопува СДСМ се подлабоко. Власта е падната, и тоа не зависи од одлучноста или неодлучноста на некој Реџепи одеднаш поверува во „продолжниот кабел“ од модуларната, или пак можеби добил 500.000 причини за да помогне да се подели парламентот на пола. Власта е падната затоа што луѓето повеќе не и веруваат. Власта е падната и затоа што не се знае дали ќе се гласа на струја или на свеќа. Единствено и само во Македонија, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Во продолжение следува неговиот целосен Фејсбук статус
Власта е падната, и заради фактот пренесен од поранешниот министер за образование, Петар Атанасов, дека младите едуцирани луѓе од 20 до 35 години, бегаат од државата, а договорите како оној за Добрососедство и Преспа ги сметаат за срам. Човекот којшто се занимава со истражување, не зборува на памет, нагласи дека тие договори за младите едуцирани, оние што треба да се носечки кадар за иднината, ним овие два договори им предизвикуваат срам и пораз.
ЦОКУЛИТЕ НА ШКОДРАНЕ
Власта е падната заради тој пораз. Колку и да се зборуваше дека треба да се „голтне“ гордоста, како цена за некаква иднина, до тоа не дојде. Напротив, донесе најмалку два порази.
Едниот, затоа што се велеше, а не се испорача европска иднина. Вториот, затоа што ги отвори апетитите за целосно бришење на еден народ, во замена сега за уште понеизвесна иднина. Третиот, „бонус“ пораз, беше развој на едно тешко корумпирано и криминогено општество заради токму тешко корумпиран и криминоген систем на власт. Режим.
Власта е падната затоа што младите се разочарани што се’ може да отиде во неповрат, и име и држава и нивна иднина и тие самите некаде вон државата, ама не и партијата на една функционерка, директорка, член на раководен одбор на меѓународна корпорација во државава, жена којашто заработува илјадници евра месечно, ама и која се закани дека ќе ги облече воените цокули ако партијата и падне од власт! Затоа што веројано ќе и паднат и функциите, и „недајбоже“ таму да седне некој млад, едуциран, со виза во рака, да се предомисли.
Власта е падната затоа што изгради систем наместо “живот”, за ликови како Шкодране да се заканат со војна ако им отиде партијата во опозиција, да не случајно ги симнат „чизмите“, а можеби и „минобацачите“ од таван? Ете затоа е власта падната.
ТРГОВЦИ ПОЕДИНЦИ
Власта е падната и затоа што во време кога државата е затрупана во лавина суштествени проблеми како енергетска и економска криза токму заради неспособноста на власта, таа се бори да ја задржи власта наместо да мисли на граѓаните. Внимавајте, заради неспособност немаме струја и ќе немаме пари. Никаде, освен во Македонија, нема енергетска криза! Ужас!
Еве, и да речеме дека не знам како ќе заврши гласањето во собрание во четврток, јас веќе знам дека власта е падната. Власта е падната без разлика дали ќе се гласа на струја или на свеќа. Без разлика што Заев излажа за оставката. Власта е падната, Собранието е “распуштено”. Дури сега нема да функционира, а Заев е лажго.
Власта е падната, заради ликовите коишто глумат „кислородна боца“ од модуларна болница за клинички мртва власт. И тие ќе ја допеплосаат власта. Тие, трговци поединци во политиката кои што сега се гласни во одбрана на власта, а молчешкум поддржуваа паралелните процеси- раст на криминалот наместо на економијата и најболното- растот на егзодусот на младите едуцирани, а разочарани од кариерите на заборавени чизми.
Власта е падната! Знаела или не. Сега да видиме за струјата…