понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ниту ЕУ, ниту САД го потврди тоа што го зборуваше киднапираниот пратеник

Ниту ЕУ, ниту САД го потврди тоа што го зборуваше киднапираниот пратеник

Политичката разврска на случувањата во Собранието на Република Македонија вчера се одвиваше на еден чуден, но не изненадувачки за нас начин. Исходот беше неуспешен за опозицијата да обезбеди мнозинство за рушење на власта на Зоран Заев, а пак методите кои ги употребија Заев и Ахмети за да се случи сето тоа беа буквално јужноамерикански.

Како серија на Нетфликс. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред една недела успеа да ја седне на маса целата опозиција и да ја обедини во намерата да го симне Заев од власт, со што обезбеди и 61 потпис, доволно за да се изгласа недоверба на владата. Сето тоа го загрижи Зоран Заев кој претходно беше убеден дека опозицијата нема доволно капацитет за да го направи тоа на што претходеа и лични навреди и диксредитации кон лидерите на опозициските партии, црна кампања и пуштање дезинформации во јавност.

Да потсетиме, Зоран Заев беше во оставка откако доживеа дебакл на локалните избори и изгуби 80% од општините, но магично се премисли, најверојатно откако утрото после таа несреќна изјава со ладна глава размислил дека нема повеќе да биде прв човек и да ги ужива удобностите кои му се на располагање. Се појави во јавност после десет дена, кажа дека му ветиле датум за почеток на преговори со ЕУ и дека не смее земјата да ја остави на, како што рече – злото и фашистите кои се закануваат и тропаат на врата.

Веднаш откако го кажа тоа, почна да ги употребува истите методи на кои предупредуваше на прес-конференцијата која беше зачинета со фацијални експресии до сега невидени од него, а сме виделе многу. Се издигна Зоран Заев како феникс од пепелта и почна да работи за тоа да се одржи власта на стаклени нозе и на веќе договорено гласање за недоверба на влада, успеаа да убедат еден пратеник да ескивира и да не се појави на закажаната седница. Ова, ако се вратиме малку поназад низ времето потсетува на гласањето за промена на името на Република Македонија кое го решија на балкански начин. На седницата која требаше да ја сруши власта и кој список се потпишаа 61 пратеник од здружената опозиција, магично исчезна пратеникот од БЕСА, Кастриот Реџепи.

Тој не се појави во 11 часот, не се појави ниту по побараната пауза од еден час каде што требаше да се вратат пратениците и во Собранието да изгласаат недоверба на влада. Кастриот не се појави во текот на целиот ден, па лидерот на неговата партија, Касами, фрли сомнеж дека тој е можеби киднапиран затоа што немало никаква информација за него – телефонот му бил исклучен, а семејството било загрижено затоа ниту тие не знаече каде се наоѓа. Касами случајот го пријави и во полиција.

Касами рече: „Власта е подготвена на се. Се додека немам јасна слика и глас од пратеникот, мислам дека тоа е направено против негова волја. Од вчера немаме контактирано, немам информации каде се наоѓа. Се додека не излезе дека ова е негов став и е доброволен, јас како претседател на Беса, можам да се сомневам дека тој против негова волја е задржан некаде“.

Веднаш после прашината што се крена во јавност, СДСМ излезе со прес-конференција во 17:45 часот на која исто бараше Кастриот да се појави во јавност, за една минута подоцна тој да постави видео на социјалните мрежи со порака дека е добар и се наоѓа на безбедна локација. Координирано или не, но од видеото на кое се гледа само бел ѕид во позадина – Кастриот ниту изгледа дека е добро, ниту дека е по своја волја таму. Она што засега не е објаснето и јавноста бара одговор е како меѓународната заедница беше нем сведок за ова. Да потсетиме, Кастриот во неговата објава на социјалните мрежи кој дента ја пушти на социјалните мрежи кажа дека се слушнал со САД и ЕУ, тие го охрабриле да не гласа за недоверба на владата и му гарантирале дека Македонија оваа зима ќе добие датум за преговори со ЕУ. Ниту САД, ниту ЕУ не го потврдија, ниту го демантираа ова. Зошто тогаш, ако САД и ЕУ му гарантирале и ако верува дека оваа влада може да не однесе во ЕУ, Кастриот не дојде фино да си гласа за оваа влада да остане, туку избега (или е киднапиран) на место на кое уште нема информации?

Се поставува и прашањето зошто токму стратешките партнери беа нем сведок на злоупотребата на нивното име и на обвинувањата дека пратеникот е однесен на непозната локација против својата волја? Македонската јавност очекува одговори. ЕУ и САД сигурно не воведуваат вакви практики на владеење, ова не е тоа за што се бориме и ова не е сонот на идните генерации. Таму, диктатурата не е дозволена.

Најнови вести