недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Заев не докажа дека има 61 пратеник

Заев не докажа дека има 61 пратеник

Во понеделникот опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ достави иницијатива со обезбедени 61 пратеник со цел да се изгласа недоверба на Владата, но на седницата која беше закажана за вчера, пратеникот од редовите на Беса, Кастриот Реџепи исчезна под мистериозни околности. Тој откако започна седницата се јави со статус на фејсбук со објаснување дека одлучил да не учествува на седницата за гласање на недоверба на Владата. Ваквата негова промена на ставот ги зачуди сите, а најмногу неговите сопартијци кои цело време се сомневаа дека тој ваквата одлука ја нема донесено по сопствена волја, па загрижени за него и за неговото семејство, ваквото негово исчезнување го пријавија во полиција.

Под вакви околности опозицијата ја обвини власта дека власта дека за да не падне владата се користи со недемократски методи и дека го киднапирала пратеникот Кастриот Реџепи кој претходно доброволно го ставил неговиот потпис на иницијативата заедно со останатите пратеници од неговата партија за Владата да падне.
60-те пратеници пред да истече рокот за гласање го напуштија Собранието и побараа брзи парламентарни избори за да се реши кризата.

Околу полноќ, претседателот на Собранието, Талат Џафери констатира дека седницата е затворена и дека опозицијата не успеала да формира кворум за уривање на Владата и ова беше протолкувана како победа од страна на власта, иако реалноста е сосема спротивна. Беса уште еднаш потврди дека ја напушта Владата, па денес и официјално Арјанит Хоџа кој е истовремено и генерален секретар на оваа партија си поднесе оставка од функцијата министер за земјоделство, а заедно со него и двајца заменици министри.

Во вакви околности власта останува со 59 пратеници, па останува нејасно како планира да изгласа нов министер и заменици, како ќе се гласа буџетот за кој Талат Џафери синоќа најави дека ќе се гласа на 5-ти декември и како воопшто ќе функционира влада која нема 61 пратеник. Најдобар доказ за тоа дека Владата е делегитимирана во секој аспект, парализирана и нефункционала, е тоа што Заев ниту за време на вчерашната седница ниту денес го нема да се изјасне за тоа како планира да води влада која ја нема потребната поддршка.

Најнови вести