Телевизиски новинар и снимател во американската држава Северна Каролина загинаа вчера откако дрво падна врз нивниот автомобил додека известувале за последиците од невремето во округот Полк, на 150 километри западно од Шарлот.
Водителот на вестите во телевизија „WYFF“ Мајк Макормик и снимателот Арон Смелцер загинаа од ударот на паднатото дрво врз нивниот џип, ддодека се движеле по автопатот, соопшти телевизијата.
Шефот на локалната противпожарна служба Џефри Тенант рече дека неколку минути откако му дал изјава на Макормик му јавиле за несреќата. Кога заминал на самото место, видел дека жртвите биле токму двајцата мажи со кои само што се разделил.
МИА