четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски за Вечерњи лист: Заев е познат по тоа што не си држи до зборот и не ги исполнува ветувањата

Мицкоски за Вечерњи лист: Заев е познат по тоа што не си држи до зборот и не ги исполнува ветувањата

Во интервјуто за „Вечерњи лист“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја коментираше оставката на Зоран Заев.

„Зоран Заев е познат по тоа што не си држи до зборот и не ги исполнува ветувањата. Тој по прогласувањето на резултатите од изборите самиот посочи дека ќе се повлече и од неговата СДСМ и од Владата поради изборниот дебакл. Од тогаш до сега, втора недела Заев остана само на таквото ветување, но во реалноста таа оставка не ја реализира“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека е многу е реално за очекување тој и ова свое ветување да не си го исполни, и затоа ние поведовме иницијатива во собранието со мнозински 61 потпис да гласаме недоверба на неговата влада.

„Во меѓувреме, би рекол својствена за Заев започнаа притисоците врз пратениците, понуди со пари и слични полу информации со цел да не се гласа за доверба на владата. Како ќе заврши таквата ситуација оставам да покаже времето, но овде не е прашањето дали, туку кога ќе падне владата на Заев која целосно го има загубено легитимитетот од народот и граѓаните“, истакна Мицкоски.

Најнови вести