четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Необјасниво однесувањето на жена на изборите во Бугарија, еве што се случило

Необјасниво однесувањето на жена на изборите во Бугарија, еве што се случило

Жена го изџвакала и го голтала гласачкото ливче, наместо да го стави во гласачката кутија, соопшти Изборната комисија во Француската гимназија во Софија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, за Комисијата е необјасниво однесувањето на жената.

-Средовечната жена претходно не покажа никаков афект или несогласување со нешто, изјави претседателката на Комисијата, Снежина Колева.

Во изборниот протокол, Комисијата напишала дека жената го изела гласачкото ливче.