четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Обвинение за бесправно градење на повеќекатница во Гостивар

Обвинение за бесправно градење на повеќекатница во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 60-годишник, без претходно да прибави градежно-техничка документација, односно одобрение за градење, започнал да гради објект во Гостивар – градба од 5 ката со деловни простории и станбени единици. На 18 јуни овластен градежен инспектор извршил инспекциски надзор – увид на лице место и бил сочинет записник.​​