понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Објави фотографија во бикини, па стана мета на брутални критики: Таа веднаш им возврати (ФОТО)

Објави фотографија во бикини, па стана мета на брутални критики: Таа веднаш им возврати (ФОТО)

Со години се зборува дека е премногу слаба, а кога објави фотографија од  плажа, обожавателите ја нападнаа со коментари дека нејзината градба е повеќе од спорна.

Имено, актерката Тара Рид објави фотографија на Инстаграм на која позира во костим за капење заедно со две пријателки на плажа во Домениканската Република.

“Се забавувам со девојките”, напиша под фотографијата, а реакциите на нејзините следбеници биле многу брутални бидејќи ѝ пишувале дека изгледа како да е болна и е премногу слаба.

Но, има и такви кои ја поддржуваат и советуваат, а на оние кои ја критикуваат таа им возврати:

-Има толку многу луѓе со прекумерна тежина на кои никој не им зборува да јадат малку. Јас сум сосема здрава. Доста ми е од луѓе кои ме присилуваат да јадам. Никогаш не сум имала проблеми со исхраната и не бев анорексична, рекла Тара.

I love all of you please have a wonderful day ❤❤❤❤❤❤❤❤

A post shared by Tara Reid (@tarareid) on

Најнови вести