понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Битиќи: Заев ни е и повеќе од потребен, го ценам одложувањето на оставката

Битиќи: Заев ни е и повеќе од потребен, го ценам одложувањето на оставката

Чинот на оставка на премиерот е висок демократски чин, истакна вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во гостувањето во ‘Утрински брифинг’. Тој додаде дека во нормални земји каде што тоа се случува многумина би се преиспитале зошто работите не оделе како што треба и би правеле нов состав на Влада или во раководството на партијата, но кај нас сето тоа се сфаќало предраматично.

-Ја ценам навистина одлуката на претседателот за чинот на оставката, но исто така го ценам високо чинот на одложување на неговата оставка до одреден период додека не се стабилизираат и не почнат процесите во партијата, рече Битиќи.

Според него без разлика дали ќе се сменат двајца, тројца или повеќе министри, во новата влада која ја нарече Заев три, Битиќи смета дека Заев ќе остане на неговата лична одлука за повлекување.

Тој додаде дека сепак Заев во овој момент е и повеќе од потребен.

-Јас сметам дека не е на штета на владеењето ако има промени на ресори и промена на кадри. Се вели дека секој нов кадар носи нови знаења, нова енергија и друг пристап кон решавање на проблемите, иатакна Битиќи.

Најнови вести